• петок, 22 ноември 2024

Според првичните анкети за излезноста повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

Според првичните анкети за излезноста повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

Софија, 2 април 2023 (МИА) - Според првичните резултати од излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“ на денешните петти парламентарни избори во Бугарија во поледните две години, повторно не се наѕира јасен победник, бидејќи двете најсилни коалиции изборниот ден го завршуваат речеиси изедначено. Коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ освоила 26,4 отсто од гласовите на Бугарите, додека ГЕРБ-СДС имаат 25,5 отсто од гласовите.

Според очекувањата, и денешниот изборен ден мина со исклучително лоша излезност од само 38, 49 отсто. 

Според првичните резултати на „Алфа Рисрч“, претставени на Бугарската национална телевизија, По „ПП-ДБ“ и ГЕРБ-СДС“, на трето место е ДПС со 13,9 отсто, „Препородима 13,5 отсто а „БСП за Бугарија“  9,2 отсто

Се уште е нејасно дали во новиот бугарски Парламент ќе влезат пет или шест партии, бидејќи до прогласувањето на конечните резултати нема да се знае дали „Бугарски подем“ или „Има таков народ“, ќе успеат да го минат изборниот цензус. Засега првата има 3,6 отсто од гласовите, додека партијата на Слави Трифонов е со 3,5 отсто освоени гласови

Околу клучното прашање во моментов  – дали партиите и коалициите ќе успеат да состават стабилно мнозинство во парламентот и ќе изберат функционална влада, Борјана Димитрова од агенцијата „Алфа Рисрч“ изјави дека „единствен можен модел за влада е широка коалиција меѓу првите две партии.

-Тоа што во овој момент го набљудуваме е фотофиниш меѓу првите две партии, изјави Борјана Димитрова при презентацијата на резултатите од излезните анкети од изборите денеска на БНТ.

Според нејзини проценки, треба да се почека паралелното пребројување на гласовите за да има поголема јасност, а „многу е веројатно дека ќе треба да го чекаме целосното пребојување од ЦИК, заедно со резултатите од странство“.

-Гледаме тесни резултати меѓу третата и четвртата партија, а не е исклучено и шеста партија да влезе во Народното собрание, рече  Димитрова.

Таа смета дека коалиција меѓу една од големите и една од помалите изборни коалиции не е можна, ниту е можна меѓу една од првите две партии заедно со две од другите помали партии, поради зацртаните идеолошки разлики. Затоа, смета таа, единствен модел е коалиција меѓу првите две победнички партии, а дали тоа ќе биде прифатено, допрва ќе треба да се види. сд/

Остани поврзан