• вторник, 19 ноември 2024

СПМ изрази сочувство за смртта на Дарко Димовски

СПМ изрази сочувство за смртта на Дарко Димовски

Скопје, 11 јуни 2023 (МИА) - Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) вечерва преку соопштение изрази „длабоко жалење за предвременото заминување“ на претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

- Преку неговото несебично работење, Дарко Димовски го памтиме како смел, принципиелен и жесток борец за работничките права. Димовски беше активно вклучен во општествениот живот и во претставувањето на работниците за што целосно ја имаше нивната доверба и поддршка, се наведува во соопштението на СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија додава дека изразува длабоко сочувство до неговите најблиски, до членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија и до македонските работници.

Димовски, кој почина на 45-годишна возраст по кратко боледување, ќе биде погребан утре во 13 часот на градските гробишта Бутел во Скопје. сп/

 

Остани поврзан