• вторник, 17 декември 2024

Сплитско - далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец, осомничен за шверц на осум турски државјани

Сплитско - далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец, осомничен за шверц на осум турски државјани

Загреб, 12 август 2023 (МИА) - Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. 

Возило во кое внатре билр осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска. 

Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на странски државјани во противзаконски движење откако ги презел на подрачјето на Врлика откако тие илегално влегле на територијата на Хрватска. 

Од полицијата наведуваат дека кон странските државјани постапувале согласно Законот за странци, додека 23-годишниот со кривична пријава е во притвор. зш/цр

Фото:МИА архива

Остани поврзан