• недела, 22 декември 2024

Џафери се обрати пред учесниците на Конференцијата во Охрид, Спасовски организираше свечена вечера

Џафери се обрати пред учесниците на Конференцијата во Охрид, Спасовски организираше свечена вечера

Охрид, 9 мај 2023 (МИА) – Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва имаше обраќање пред учесниците на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид, организирана во рамки на одбележувањето на стогодишнината од основањето на Интерпол и 30 години од зачленувањето на Р.С. Македонија во светското полициско семејство.

Џафери истакна дека одржувањето на конференцијата во Охрид е знак на силна поддршка и доверба во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во неговото раководство и полициските службеници.

И тој лично ја искористи можноста да ја изрази својата огромна почит кон несебичниот труд и ангажман на полициските сили за мир и питочување на уставниот ред и поредок, за безабедност на граѓаните, нивниот имот, државата...

„При тоа, се соочуваат со директни закани и опасност по телесниот интегритет, по менталното и духовно здравје. Тие се на првата линија на спречување на негативните појави на насилство, на криминалните и злосторнички дела кои всадуваат страв, немир и чувство на ранливост во секој од нас. Сега повеќе од кога било, затоа што ужасните вести што доаѓаат од нашето блиско соседство не се воопшто за занемарување. Напротив, тие се аларм за итно и одговорно делување на секој во својот домен. Товарот што го носите не е лесен, но, убеден сум дека споделувањето на тој товар со стогодишна организација со реноме како што е Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ, преку воспоставување на цврсти мостови на соработка на регионално и глобално ниво во минатото, сега и убеден сум и во иднина, е најуспешниот модел за постигнување на најдобри резултати“, рече претседателот на Собранието.

Инаку, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својство на домаќин на Конференцијата во Охрид организираше свечена вечера за учесниците на собирот.

На својот фејсбук-профил тој напиша дека свеченоста, како што стои во обајвата „случајно или намерно“ е организирана токму на 9 мај - Денот на победата и Денот на Европа.

„Токму денес сме собрани заедно на европско тло,  на европска конференција на меѓународната криминалистичка организација. Мојот збор за вас денес е Победа. Победа на доброто пред злото. На сигурноста пред ризикот, на заеднишптвото пред индивидуалното, победа на сплотеноста над подоеленоста“, стои во статусот. аб/

фото/МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан