• сабота, 21 декември 2024

„Спејс-Икс“ постави американски шпионски сателит во земјината орбита

„Спејс-Икс“ постави американски шпионски сателит во земјината орбита
Лос Анџелес, 3 февруари 2022 (МИА) - Ракета „Фалкон 9“ на американската приватна компанија „Спејс-Икс“ вчера лансираше сателит во земјината орбита што ќе биде во служба на американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (НРО) задолжена за изградба и управување со американската воена сателитска мрежа. „Ракетата со сателитот ’НРОЛ-87‘ полета во 12.27 часот по локално време (21.27 часот по средноевропско време) од воената база ’Ванденберг‘ во Калифорнија, по што без тешкотии се врати во базата. Сателитот е дизајниран и конструиран од НРО, која управува со него како дел од својата вселенска извидувачка мисија“, соопшти воената агенција, без дополнителни подробности, повикувајќи се на „воена тајна“. НРО е под надлежност на Пентагон и всушност го следи меѓународниот поморски сообраќај и комуникациите на американските конкуренти. Ова е прв лансиран сателит оваа година и 17-ти последниве две години. Тој е во служба на Командата на вселенските сили на САД со седиште во Лос Анџелес.  си/сд/

Остани поврзан