• петок, 22 ноември 2024

Специјалниот претставник на Кина Ли Хуи на средба со Лавров за решавање на украинската криза

Специјалниот претставник на Кина Ли Хуи на средба со Лавров за решавање на украинската криза

Москва, 26 мај 2023 (МИА) - Специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања Ли Хуи ја напушти зградата на руското Министерство за надворешни работи, каде што денеска имаше средба со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, без да даде никакви коментари. Ли и Лавров разговараа за решавање на украинската криза.

Претходно руската дипломатска служба објави дека кинескиот специјален пратеник требало да разговара и со рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин.

Посетата на кинескиот претставник на Министерството траеше час и половина. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан