• понеделник, 25 ноември 2024

Специјална седница на СБ на ОН за тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа

Специјална седница на СБ на ОН за тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа

Њујорк, 1 јули 2024 (МИА) – Советот за безбедност на Обединети нации утре ќе одржи специјална седница за тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа.

На седницата обраќање ќе има координаторката на ОН за хуманитарни работи и обнова на Појасот Газа, Сигрид Каг.

Во неодамнешниот извештај на ОН се истакнува дека обновата на разурнатите домови во Појасот Газа ќе трае до 2040 година, а можеби и подолго.

Околу 85 отсто од училиштата во Појасот Газа претрпеле оштетувања од 7 октомври минатата година, кога започна војната помеѓу Израел и Хамас, а на 70 отсто им е потребно целосно или големо реновирање.

Исто така поголемиот број од 36-те болници во Појасот Газа се оштетени или уништени во војната. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан