• петок, 05 декември 2025

Специјалната претставничка на ОН за кипарското прашање ја одложи закажаната посета на Кипар

Специјалната претставничка на ОН за кипарското прашање ја одложи закажаната посета на Кипар

Никозија, 1 септември 2025 (МИА) – Поради едно непредвидено прашање, личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин, ја одложила закажаната посета на Кипар, објави кипарската новинска агенција ЦНА, јави дописничката на МИА од Атина.

Олгин, требаше денеска да пристигне на Кипар, а утре да одржи одделни средби со лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Христодулидис и Ерсин Татар.

Меѓутоа, портпаролот на Обединетите нации на Кипар, Алим Сидик, за ЦНА го потврдил одложувањето на денешната посета Олгин и во писмената изјава објаснил дека „поради непредвидено прашање, личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин ќе ја презакаже својата посета на Кипар“. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан