• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Секоја помош и експертиза на ОН во процесот на преговорите е добредојдена

Спасовски: Секоја помош и експертиза на ОН во процесот на преговорите е добредојдена

Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи е клучен, стратешки партнер на агенциите на ООН во земјава. Ова беше посочено на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со Регионалната директорка на Канцеларијата на ООН за координација на развојот, Гви Јеоп Сон и Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.

Како што информираат од МВР, на средбата било констатирано дека меѓусебната соработка е на многу високо ниво и од година во година се продлабочува.

Од МВР велат дека министерот Спасовски и регионалната директорка на ОН, Сон, ја искористиле можноста да продискутираат и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија. 

- Притоа, беше посочено дека агенциите на ООН стојат на располагање во функција на поддршка. Министерот Спасовски ги запозна соговорниците со скрининг процесот и резултатите од истиот, што беше оценето како многу успешно од нивна страна, при што тој нагласи дека е многу важно со такви оценки да се излезе и од самите преговори, како и тоа дека секоја помош и експертиза на ОН во процесот на преговорите е добредојдена, стои во соопштението од МВР.

Дополнуваат дека министерот Спасовски изразил уверување дека започнатите проекти и активности ќе се реализираат до крај и ќе ги дадат очекуваните и проектираните резултати, благодарение на одличната соработка со присутните агенции и Канцеларијата на ООН во земјата. ар/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан