• петок, 22 ноември 2024

Спасовски: Командата на SEEBRIG во Куманово е признание за одлучното и посветено исполнување на стандардите на НАТО

Спасовски: Командата на SEEBRIG во Куманово е признание за одлучното и посветено исполнување на стандардите на НАТО
Скопје, 26 август 2020 (МИА) - Граѓаните на Република Северна Македонија се гордеат со уште едно значајно постигнување, во годината кога станавме членка на НАТО стануваме и земја домаќин на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), порача денеска премиерот Оливер Спасовски на свеченото отворање на командата на СЕЕБРИГ и 21-годишнина од формирањето на СЕЕБРИГ, во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
-Од денеска е активна командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) во простории во касарната во Куманово каде што е и Командата за операции на нашата армија. Сите подготовки беа навреме направени и завршени според највисоките НАТО стандарди, и со тоа се создадени услови за 50 високи офицери на земјите членки на НАТО и на иницијативата SEEBRIG, од кои 10 офицери се од нашата армија, да ги исполнуваат своите оперативни задача, потенцира Спасовски.
Премиерот, како што соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата, истакнал дека со командата на SEEBRIG во Куманово, Република Северна Македонија добива признание за одлучното и посветено исполнување на стандардите на НАТО, и за придонесот кон градење на светскиот мир и борбата против тероризмот со учеството на повеќе од 4000 припадници на АРСМ кои беа дел од меѓународните мисии. бк/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан