• четврток, 07 ноември 2024

На претседателските и парламентарните избори ќе може да се гласа и со стари лични документи

На претседателските и парламентарните избори ќе може да се гласа и со стари лични документи

Куманово, 23 август 2023 (МИА) - Остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Прашан дали со старите лични документи ќе може да се гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори, рече дека сега воопшто не се поставува тоа прашање.

За вчера искажаниот став на народниот правобранител дека личните документи со додавката „северна“ треба да бидат на товар на буџетот на државата рече дека засега нема таква одлука.

-Во однос на промената на личните документи коишто ги имаме засега нема каква било друга одлука од таа која што е донесена. Значи, тие треба да бидат променети, рече Спасовски во одговор на прашање  при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово и нагласи дека веќе се променети над еден милион документи.  

Согласно одредбите од Преспанскиот договор, сите граѓани заклучно со февруари 2024 година треба да ги променат личните документи на кои мора да стои новото уставно име на државата. вј/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан