• петок, 08 ноември 2024

Спасовски: Во 2022 година зголемен бројот на издадени пасоши и лични карти

Спасовски: Во 2022 година зголемен бројот на издадени пасоши и лични карти

Скопје, 18 јануари 2023 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава преку својот Фејсбук профил соопшти дека споредбено во 2022 со 2021 година, се бележи зголемување на издадените пасоши за 40.435 и на личните карти за 43.028.

– Издадени лични документи во 2022 година: лични карти – 364.244 и пасоши – 387.208. Споредбено во 2022 со 2021 година, бележиме зголемување од 40.435 издадени пасоши и зголемување од 43.028 издадени лични карти, напиша Спасовски.

Упатува апел до граѓаните да ги проверат своите лични документи, посебно важноста на патните исправи и, ако имаат потреба од издавање на нови, навремено да ја отпочнат процедурата за да се избегнат летните гужви.фф/лв/

Остани поврзан