• вторник, 26 ноември 2024

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна, најголем предизвик се економската и енергетската криза

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна, најголем предизвик се економската и енергетската криза
Скопје, 11 март 2022 (МИА) – Имаме стабилна безбедносна ситуација без индикации за нејзино нарушување во државата. Нема зголемување на број на влез во државата од која било страна. Состојбата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје е исто така мирна и стабилна, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој оцени дека овде најголемиот предизвик ќе биде енергетската, економската криза, кон која, како што нагласи, треба да биде насочен фокусот на Владата, на локалните самоуправи, на институциите генерално и на сите граѓани, за заеднички да излеземе уште посилни од ваква состојба. - Имаме постојана комуникација на домашните и партнерските служби, заедно работиме и во тој дел граѓаните треба да бидат спокојни. Институциите функционираат и нема ништо што во тој дел може да нè загрози, а будно ќе ги следиме сите состојби што се на регионално ниво и оние што се поврзани со состојбата во Украина, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по посетата на реконструираниот објект на Полициската станица – Карпош во Скопје. цр/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан