• вторник, 24 декември 2024

Спасовски-Канглер: Продолжува одличната соработка Словенија

Спасовски-Канглер: Продолжува одличната соработка Словенија
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Продолжува одличната соработка со Словенија, меѓу двете МВР, во насока на наша поддршка во борбата против илегалната миграција, но и за нашиот пат кон ЕУ, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил. - На средба со државниот секретар при МВР на Република Словенија, Канглер, се заблагодарив за поддршката на словенечките полициски службеници за зајакнат надзор на нашата јужна граница преку заедничките операции, како и за донациите, пред сѐ во опрема за посебни активности на нашата полиција, објави Спасовски. Тој порача дека како МВР остануваат посветени на воспоставената агенда за меѓусебна соработка со Словенија, со цел натамошно унапредување на сите полиња од заемен интерес. цр/са/

Остани поврзан