• понеделник, 23 декември 2024

Спасени две полски туристки кај Трескавец

Спасени две полски туристки кај Трескавец

Прилеп, 14 септември 2022 (МИА) - Две девојки, туристки од Полска, доцна попладнето се спасени од процеп во карпи кај манастирот Трескавец, во чија посета биле. Девојките не се сериозно повредени и се здобиле со гребнатинки.

Девојките околу 16 часот побарале помош бидејќи при движење од манастирот на удолнина кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат. Едната девојка се држела за карпата. Тие биле дел од поголема група туристи и заостанале од групата која се враќала од посетата на македонскиот познат манастирски комплекс.

Како што информира Центарот за упрваување со кризи (ЦУК), успешната спасувачка акција, конкретно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.

На терен излегла екипа и од прилепската противпожарна единица со четворица пожарникари и едно теренско возило. За настанот биле известени Дирекцијата за заштита и спасување, МВР и ЦУК-Битола.

Според информациите од Неданоски, девојките биле извлечени во 17,15 часот и потврдено е дека се во добра здравствена состојба.ем/мд/

 

Остани поврзан