• недела, 22 декември 2024

Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“

Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“

Велес, 21 мај 2023 (МИА) - Во салата на Театарот во Велес вечер ќе се одржи стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ, со кое  ќе биде затворен годинашниот втор по ред Фестивал „5 ре“.

Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери, велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, под покровителство на Општина Велес.

Инаку, вчера вечер во салата на велешкиот театар, ансамблот на Штипскиот театар ја изведе претставата „Ле Кретен“ од Френсис Вебер, во режија на Никола Ристов.

Вчера на пладне на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк за децата беше прикажана претставата „Сказна за рибарот и рипката“, во изведба на Театарот „Колозов“.

Второто издание на „5 ре“ почна во понеделникот, 15 мај. На фестивалот беа изведени шест претстави од која една за деца, а заедно со вечерашното и две станд ап шоуа.ад/бт/

Остани поврзан