• понеделник, 23 декември 2024

Со посна трпеза и благослови Прилеп ја прослави градската слава Свети Никола

Со посна трпеза и благослови Прилеп ја прослави градската слава Свети Никола

Прилеп, 19 декември 2023 (МИА) - Со благослови, добра мисла и желби за здравје и да се одржуваат традициите, прилепчани на посна трпеза во центарот на градот ја одбележаа градската слава и оддадоа почит на светецот-заштитник на Прилеп - Свети Никола.

Прославата започна изутрината со света архиерејска литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“ и со литија. Со богослужбата чиноначалствуваше владиката Петар. Централното чествување беше пред Параклисот посветен на светецот-заштитник во центарот на Прилеп.

- Го почитуваме и го славиме големиот светец, Свети Никола миликијски кој не се откажувал, и покрај маките на кои бил изложен, од правдата за онеправданите. Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела. Пред се, да се вратат моралните вредности, порача владиката Петар.

Според прилепскиот градоначалник Борче Ристески прославата на Свети Никола е дел од традициите кои градот ги негува.

-„Свети Никола“ е посебен ден и добар патоказ за да се чуваат корените, особено кога ќе се земе предвид дека Свети Никола е заштитник на сиромашниоте, на немоќните, на морепловците. Традицијата е идентитет на секоја држава, а нас како прилепчани нѐ прави горди токму чувањето и негувањето на витинските вредности, верата, традицијата и историјата, им порача Јовчески на прилепчани.

Годинашниов домаќин, компанијата „комфи Ангел“ ги покани прилепчани на посна трпеза поставена на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.

-Компанијата по вторпат е домаќин на прославата на градската слава и тоа е голема чест. Многу е битно да се зачуваат вредностите на кои нѐ учи светецот заштитник - Свети Никола. За многугодини да е градската слава и со добра мисла да пречекаме нова, поинаква и посреќна година за сите, рече Ирена Јакимоска, сопсвеник на компанијата „Комфи Ангел“.

Прилепчани нагласија дека оваа традиција е убава и треба да се зачува, а на младите да им се укаже на чувањето на вредносите.

Годинава, организирано градската слава „Свети Никола“ во Прилеп се прослави по 18-ти пат. Востановена е во 2006 година. Во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 80 191 мала посна сарма што е дел од посната трпеза за прославата на празникот.

В година, домаќин на прославата на градската слава е локалната самоуправа на Прилеп. ем/сст/

фото МИА

Остани поврзан