• петок, 22 ноември 2024

Со поетско читање во Центарот за култура во Кичево ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата

Со поетско читање во Центарот за култура во Кичево ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата

Кичево, 21 март 2022 (МИА) - Во големата сала во Центарот за култура во Кичево, со поетско читање на три јазика денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата - 21 Март. Секоја година, овој ден е резервиран за одбележување на три големи настани, и тоа Светскиот ден на поезијата, Денот на пролетта и Денот на екологијата.

-Една од најважните причини зошто се одбележува Светскиот ден на поезијата е спроведување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности. Денешниот ден ќе биде организиран заедно со основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Санде Штерјоски“ од Кичево и „Јонуз Емре“ од селото Лисичани, истакна Маја Николоска Сиљаноска од Центарот за култура.

Таа додаде дека целокупната програма ќе се одвива на три јазика, на македонски, албански и турски, а ученици од овие училишта ќе читаат поетски творби на познати и реномирани светски автори.за/бт/

Остани поврзан