• петок, 22 ноември 2024

Со минута молк одбележана годишнината од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис

Со минута молк одбележана годишнината од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис
Минеаполис, 25 мај 2021 (МИА) - Во американскиот град Минеаполис денеска со едноминитен молк беше одбележана годишнината од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаецот Дерек Шовин. Сестрата на Флојд, Бриџит и градоначалникот Џејкоб Фреј, како и граѓани и активисти, исто така, присуствуваа на настанот „Стани и запомни го Џорџ Флојд“. Видеото од инцидентот со убиството на Флојд на 25 мај 2020 година предизвика протести низ целиот свет. Поранешниот полицаец Шовин на судењето во април беше прогласен за виновен за убиство. За време на приведувањето Дерек Шовин повеќе од девет минути го држеше коленото врз вратот на Џорџ Флојд. Флојд беше уапсен затоа што се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари. Само неколку часа пред церемонијата на одбележување на крстосницата каде што беше убиен Флојд, дојде до пукање во кое беше повреден еден маж. Полицијата соопшти дека се брзо се вратило во нормала и дека нема повеќе повредени лица. сд/

Остани поврзан