• вторник, 24 декември 2024

Со ликовна изложба продолжуваат културните настани во Пехчево

Со ликовна изложба продолжуваат културните настани во Пехчево
Пехчево, 16 јуни 2021 (МИА) - Во Пехчево е отворена ликовната изложба „Квадратна божественост" од авторката Валентина Илијевска од Куманово. Настанот е во организација на Домот на култура ,„Јане Сандански" од Пехчево, во чии простории, по неколкумесечна пауза поради пандемијата, се организираше културен настан наменет за љубителите на ликовната уметност.
-Во рамки на изложбата насловена „Квадратна божественост" од младата  амбициозна уметничка од Куманово која зрачи со харизма и позитивна енергија, преку вкупно 33 дела, претежно цртежи и графика е претставен квадратот во една друга димензија. Задоволство е што по подолго време во Домот на културата гледам ведри и насмеани лица, спокојни, мирни и радосни што сме собрани на еден ваков културен настан, рече директорката Веселинска.
Таа најави повеќе вакви и слични настани и во наредниот период.
-Имајки ги предвид укинувањето на повеќето мерки за организирање културни настани со ограничен број посетители кои важеа до неодамна, повеќе од сигурно е дека со ублажувањето на мерките, нашата установа ќе се погрижи во иднина да имаме повеќе вакви настани, на радост на сите љубители на културните збиднувања, рече Веселинска.
Претходно, изложбата „Квадратна божественост" беше претставена пред љубителите на уметноста во Делчево. вс/бак/

Остани поврзан