• вторник, 13 јануари 2026

Со концерт на Мирза Селимовиќ започнува новогодишниот базар во Крива Паланка 

Со концерт на Мирза Селимовиќ започнува новогодишниот базар во Крива Паланка 

Крива Паланка, 27 декември 2025 (МИА) - Со концертот на Мирза Селимовиќ на централниот градски плоштад во Крива Паланка вечерва официјално ќе почне новогодишната празнична програма во рамки на „Новогодишен базар", што петта година по ред се одржува и привлекува гости во градот под Осоговието.

- Ја отвораме празничната програма со најавениот спектакуларен концерт на еден од најпопуларните регионални поп-изведувачи Мирза Селимовиќ. Вечерва со почеток во 19 часот, градскиот плоштад ќе биде центар на празничната еуфорија, каде што публиката ќе има можност да ужива во настап на уметникот чии емотивни балади и хитови ги освојуваат сцените низ целиот Балкан, велат од Општината.

Концертот на Мирза Селимовиќ е дел од официјалното отворање на „Новогодишниот базар" што ќе понуди богата празнична атмосфера, со светлосни декорации и содржини за сите генерации.

- Настанот најавува незаборавна вечер исполнета со музика, емоции и заедничко празнично прославување, вели Сања Станковска од Службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка, упатувајќи покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од настанот.

„Новогодишен базар 2025" ќе понуди концерти, програма за најмладите, настапи на бројни изведувачи од земјата и регионот и забава за сите генерации, од вечерва до 31 декември. Утревечер настапуваат Љубојна и Тајзи, а на 29 декември Пајак со Лара и Бени Шаќири со „Нон Стоп".

До крајот на годината во програмата се вклучени дневна програма и базар со основните и средното општинско училиште, настап на ДЈ Барни, Грин - Џ, за најмладите следува новогодишната претстава „Мечето Панда и Дедо Мраз" и „Ѓурчиновски шоу", детската претстава „Дедо Мраз и изгубениот костум", Елфовска авантура, а последниот ден од декември ќе биде заокружен со настап на „Распеанo Симитче", ДЏ Бобо, новогодишно дефиле со маски и спектакуларно пристигнување на Дедо Мраз. ид/


Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан