• четврток, 04 јули 2024

Со концертната изведба „Во здивот на љубовта" започнува Делчевското културно лето

Со концертната изведба „Во здивот на љубовта
Делчево, 6 јули 2022 (МИА) - Со концертната изведба „Во здивот на љубовта" вечерва се отвора годинешното издание на „Делчевско културно лето “. Концертот е во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков - Вапцаров", од каде информираа дека истиот ќе се одржи во паркот пред Спомен дом АСНОМ. На концертот, најавен за во 20 часот ќе настапат пијанистката Билјана Петровска, Марија Јакимовска на флејта, Петар Колевски (кларинет) и Владимир Крстев (виолина). Станува збор за „new age” музика која се изведува на класични инструменти, инспирирана од македонски фолклорни изворни песни, се вели во најавата за настанот. Во рамки на Делчевско културно лето, како што додадоа од Центарот за култура, ќе следуваат други концерти, за кои јавноста благовремено ќе биде информирана. - Да напоменеме дека акцентот за годинешното Делчевското културно лето ќе биде ставен на Голачките фолкорни средби кои ќе следуваат во месец август, додадоа од Центарот за култура. Делчевското културно лето е поддржано од Министерството за култура. вс/цр

Остани поврзан