• недела, 22 декември 2024

Со измени во Законот за индустриските зони ќе и се овозможи на државата да интервенира во градење патишта и канализации

Со измени во Законот за индустриските зони ќе и се овозможи на државата да интервенира во градење патишта и канализации

Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави измени во Законот за индустриските зони. Со измените, како што објасни, на централната власт, преку проширување на надлежностите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), ќе и се овозможи да интервенира во делот на инфраструктурата и онаму каде што надлежност имаат општините. 

Целта, е напомена Бектеши, да се дадат еднакви можности за развивање на бизнисите. 

И бизнисот и министерот Бектеши од прес-конференцијата во СКСЗМ упатија критики за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. како што предочи Бектеши, Комисијата од почетокот на КО

-Промената во Законот за индустриските зони ќе биде во проширување на надлежностите на Дирекцијата за економските слободни зони - да може да интервенира во делот на инфраструктурата и во зоните кои се во надлежност на општините, а имајќи предвид дека повеќето од нашите општини немаат можност по барање на одредени правни субјекти или компании веднаш да направат такви инвестиции, а можноста за развој постои, тоа ќе го преземе со годишна програма Дирекцијата за развој на економските зони или централната власт, за да интервенира во делот на подобрување на патната инфраструктура, канализацијата, гасоводот,... Државата ќе гради по барање на општините и на стопанските комори таму каде што ќе има простор за развој и интерес за инвестирање надвор од слободните економски зони. Како пример може да биде и зоната во Визбегово, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Со новите законски измени, дополни, обврска на Дирекцијата на ТИРЗ ќе биде директно да може и Владата преку Дирекцијата да интервенира во подобрување на инфраструктурата и во рамки на индустриските зони, освен во слободните економски зони кои се основани од страна на Владата. мч/са/

   

  

 

   

 

 

Остани поврзан