• понеделник, 23 декември 2024

Со велосипедска тура одбележан денот на велосипедот

Со велосипедска тура одбележан денот на велосипедот

Гостивар, 5 јуни 2023 (МИА) – Дваесетина средношколци направија велосипедска тура по гостиварските улици како дел од одбележувањето на 3 јуни – Светскиот ден на велосипедот и подигање на свеста за почесто користење на ова превозно средство.

Општина Гостивар во соработка со компанијата „Вардар Доломит“ и Сојузот на училишни спортови преку настанот цели кон сензибилизирање на граѓаните да користат повеќе велосипеди и да се избегнуваат моторните возила кои предизвикуваат загадување на воздухот и отежнат сообраќај.

- Гостивар има 7 километри велосипедски патеки кои почесто се користат. Од возењето на велосипед има повеќе користи, подобро здравје, почист воздух, помалку возила по улиците. На овој начин сакаме да ја пренесеме идејата граѓаните особено во летниот период што помалку да користат автомобили, а што почесто да се на велосипед, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Тој напомена дека во годинешната програма предвидени се средства за субвенции за купување на велосипеди, но наместо, тоа, тие ќе бидат подарени.

Во соработка со компанијата Вардар доломит набавени беа 21 велосипед кои младите ќе ги натераат повеќе да рекреираат смета претседателот на Сојузот на спортови-Гостивар Бурим Бешири. Тој искажа задоволство од остварената соработка и нагласи дека младите треба да бидат повеќе физички активни.

- Со вакви активности ги поттикнуваме и мотивираме децата четирите средни училишта во Гостивар да користат велосипеди и да го подобрат здравјето, рече Бешири и дополни дека велосипедите кои денес се возеа низ градот ќе им бидат подарени на учениците што покажале добри успеси во школувањето и имаат финансиски тешкотии.

Велосипедската тура стартуваше од пред општинската зграда и помина по улиците: Кеј Вардар, Беличица, Гоце Делчев и заврши пред општинското седиште.

Оваа активност има за цел да го сензибилизира населението да користи повеќе велосипеди и да избегнува други превозни средства кои предизвикуваат загадување на воздухот и отежнат сообраќај.

Генералното собрание на ООН во април 2018 година, го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот. Целта е да се посвети внимание на велосипедите во стратегиите за развој и нивно вклучување во меѓународните, регионалните, националните и локалните развојни политики и програми. згм/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан