• петок, 22 ноември 2024

Сојузот на средношколци ја поддржува најавената мерка за бесплатен превоз во лето

Сојузот на средношколци ја поддржува најавената мерка за бесплатен превоз во лето
Скопје, 9 јули 2022 (МИА) - Сојузот на средношколци ја поздравува и поддржува предлог-мерката предложена од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за обезбедување бесплатен јавен превоз за средношколците и во текот на летниот распуст за полесно извршување на воннаставните активности и феријалната пракса кај некои струки. -Во таа насока, особено нè радува дека Град Скопје презема вакви мерки по средбата која ја имавме со градоначалничката во март годинава како и подоцнежниот состанок со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на нивниот отворен ден. На обете средби ние ги повторивме нашите барање и добивме гаранции дека градоначалничката и Советот на Град Скопје ќе работат на нив. Со предложената мерка се предлага да се наменат дополнителни 50 милиони денари за организирање и спроведување на бесплатниот ученички превоз, со што оваа буџетска ставка ќе има вкупна сума од 92 милиони денари, стои во соопштението. Апелираат на политички консензус и ги повикуваат сите 45 советници да ја поддржат оваа мерка која е во интерес на средношколците. Од Сојузот на средношколци информираат дека интензивно работат на изменување на предложеното законско решение за праведен јавен превоз за сите средношколци со цел тоа да биде прифатливо за сите. мд/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан