• понеделник, 23 декември 2024

Софи Тарнер си го зеде престолот од „Игра на престоли”

Софи Тарнер си го зеде престолот од „Игра на престоли”
Лос Анџелес, 25 август 2020 (МИА) - Британската глумица Софи Тарнер, можеби најпозната по улогата на Санса Старк во „Игра на престоли“, си го зеде дома владетелскиот стол на којшто нејзиниот лик седи на крајот од серијата. Таа сподели и слика од филмскиот реквизит на Инстаграм.

„Добро дојде дома", напиша глумицата под сликата. Нејзиниот сопруг и, член на групата „Џонас брадерс” - Џо Џонас ја објави истата слика.

Софи и Џо се запознаваат 2016 година, а се венчаа во мај годинава. Тие двајца на 28 јули станаа и родители, а ќерка сѝ ја крстија Вила.  си/сд/

Остани поврзан