• петок, 08 ноември 2024

Софија Лорен на итна операција, по повеќе скршеници

Софија Лорен на итна операција, по повеќе скршеници

Бари, 25 септември 2023 (МИА) - Софија Лорен вчера била примена на итна операција, по претрпени неколку скршеници, откако паднала во нејзиниот дом во Швајцарија.

Според извор близок до глумицата, постои „внимателен оптимизам“ за исходот од операцијата и закрепнувањето потоа. Италијанската филмска икона која на 20 септември наполни 89 години, паднала во бањата и се здобила со повеќе скршеници кај колкот и сериозна фрактура на бутната коска, изјави неименуваниот извор за „Холивуд репортер“ .

Лорен требаше да отвори ресторан во Бари, источна Италија, на 26 септември - тоа ќе биде четвртата гостилница што го носи нејзиното име.

Легендарната глумица требаше да стане и почесен граѓанин на тој град, но сега сите ангажмани се откажани, до наредното известување.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан