• петок, 22 ноември 2024

Сотировски: Ја охрабруваме црковната дипломатија на МПЦ - ОА за добивање на томосот за афтокефалност од Вселенската патријаршија

Сотировски: Ја охрабруваме црковната дипломатија на МПЦ - ОА за добивање на томосот за афтокефалност од Вселенската патријаршија

Скопје, 9 март 2023 (МИА) - Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски ја охрабри црковната дипломатија на МПЦ-ОА во насока на конечно добивање афтокефален статус од страна на Вселенската патријаршија.

 – Тоа треба МПЦ да го коментира. За мене како претставник на државата ми е доволно – добро ми говори податокот што МПЦ ги продолжува и ги продлабочува своите меѓународни контакти. Запознаени сме со една навистина широка и квалитетна добро обмислена црковна дипломатија која што еве охрабруваме да продолжи и понатаму затоа што е од национален интерес, изјави тој денеска пред состанок за формирање на „Група на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ, одговараќи на новинарско прашање во врска со неодамнешната посета на владиците Тимотеј и Наум на Вселенската патријаршија

Митрополитите Тимотеј и Наум на 4 март беа во посета на Вселенската Патријаршија. Тие биле дел од делагациите за приемот на новиот кипарски архиепископ г. Георгиј. Од Вслеленската Патријаршија не беа соопштени детали дали во Фанар деновиве било разговарано за томосот што треба Вселенскиот патријарх да го издаде за автокефалноста на МПЦ-ОА. вг/ац/

Остани поврзан