• сабота, 06 јули 2024

Состанок на Консултативниот комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ

Состанок на Консултативниот комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе биде домаќин на дваесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија. Состанокот ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Настанот ќе го отвори претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со Јасна Габриќ, градоначалничка на словенечката Општина Трбовље, како ко-претседавачки на ова заедничко тело. Пред присутните делегати ќе се обратат и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој ќе говори од името на ЗЕЛС, како и политичкиот аналитичар од Европскиот политички центар од Брисел, Марта Мучник. - Делегатите ќе дискутираат на две теми. Првата тема е посветена на активностите и состојбите околу пристапниот процес на нашата земја кон европското семејство –„Нови чекори на патот на Северна Македонија кон ЕУ“, а втората тема е особено актуелна и се однесува на состојбите со енергетска криза - „Енергетска криза во Европа – што македонските општини можат и треба да прават“, информираа од ЗЕЛС. см/сп/

Остани поврзан