• сабота, 23 ноември 2024

СОС-порака на плажа спаси тројца морнари во Микронезија

СОС-порака на плажа спаси тројца морнари во Микронезија
Вашингтон, 4 август 2020 (МИА) - Тројца морнари од американската територија Гуам, чиј брод се движел близу еден мал, зафрлен остров во западен Тихи Океан, беа спасени откако спасувачи од воздух ја забележале СОС-пораката на плажа на островот во Микронезија. Потрагата по морнарите кои исчезнаа пред три дена ја почнаа властите во Гуам. Според наводите, тие не ја завршиле предвидената пловидба од Пулават до Пулап, два корални острова. Наместо тоа, тие стигнале до Пикелот, скоро 200 километри западно од местото каде што отпловиле. Нивната СОС-порака на песочната плажа била забележана од австралиски хеликоптер, којшто потоа слетал и им доставил храна и вода. Тројцата морнари биле пронајдени во добра состојба, без сериозни повреди, соопштија официјални лица. Микронезија се состои од околу 600 мали острови расфрлани низ западниот дел на Тихиот Океан.  си/

Остани поврзан