• понеделник, 04 ноември 2024

Сопругата на Алвеш објави разделба од играчот обвинет за силување

Сопругата на Алвеш објави разделба од играчот обвинет за силување

Барселона, 16 март 2023 (МИА) - Сопругата на Дани Алвеш го објави раскинувањето со поранешниот фудбалер. Во моментов поранешниот дефанзивец на Барселона и Бразил е во притвор. Тој е обвинет за силување на девојка во ноќен клуб.

 

Џоана Санс објави рачно напишано писмо на Инстаграм.

 

- Од детството пишувам за моите чувства за да ги исфрлам - веројатно затоа што сум единственото дете во семејството. Што и да е, ми помага.

Ова беа ужасни месеци - не најтешките во мојот живот, бидејќи се соочив со многу проблеми - но многу темни и болни.

За животен партнер избрав личност која во моите очи беше совршена. Секогаш беше тука кога ми беше најпотребен, секогаш ме поддржуваше во сè, секогаш ме туркаше да растам, беше љубовен, внимателен ...

Тешко ми е да се помирам со фактот дека оваа личност може да ми го скрши срцето на илјада парчиња.

Ќе ми требаат години да го избришам од сеќавањето како ме гледаше - како да сум главното светско чудо. По ѓаволите, и покрај сета болка што ми ја предизвика, сепак сум тука, до него и ќе останам таму, но во друга улога.

Го сакам и секогаш ќе го сакам без разлика што некој ќе каже. Но, исто така многу се сакам, почитувам и ценам себеси. Еве една силна жена се движи во следната фаза од нејзиниот живот“, напиша Санс.

 

Дани и шпанската манекенка беа во врска од 2015 година, а се венчаа во 2017 година. Во 2023 година, откако Алвеш беше уапсен, 30-годишната жена поднесе барање за развод. Ова е втор брак на фудбалер. Има две деца од претходнито брак. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан