• вторник, 13 јануари 2026

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Скопје, 1 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата правца.

Изменет е режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е  пренасочен по регионалниот пат Р1101. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан