• среда, 25 март 2026

Сообраќајот на државните патишта без застои

Сообраќајот на државните патишта без застои

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан