Сообраќајот Берово - Делчево се одвива по една коловозна лента
- Сообраќајот на патот Берово - Делчево кој беше во прекин кај село Смојмирово, од 17 и 10 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од АМСМ. По попладневото невреме што г зафати регионот на Берово, надојдената вода се повлекува од Смојмирска река. Патот Берово-Виница, пак, е прооден периодично и се уште се расчистува.
Берово, 24 јуни 2023 (МИА) - Сообраќајот на патот Берово - Делчево кој беше во прекин кај село Смојмирово, од 17 и 10 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од АМСМ. По попладневото невреме што г зафати регионот на Берово, надојдената вода се повлекува од Смојмирска река. Патот Берово-Виница, пак, е прооден периодично и се уште се расчистува.
Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок.
Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК. вс/ев/
ФОТО: МИА