• среда, 27 ноември 2024

Сообраќајот непречено, по суви коловози

Сообраќајот непречено, по суви коловози
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

Остани поврзан