• сабота, 28 септември 2024

Сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец

Сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец
Скопје, 30 јули 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9 Утринската температура ќе се движи од 14 до 24 степени, а дневната температура ќе се движи од 30 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9 Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 38 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

Остани поврзан