• сабота, 29 јуни 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 11 март 2020 (МИА) - Времето ќе биде Сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од седум до 17 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до 14 степени. Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и потопло, особено топло ќе биде во четврток и петок. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела и понеделник ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Остани поврзан