• четврток, 27 јуни 2024

Сончево и топло, температура до 39 степени

Сончево и топло, температура до 39 степени

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан