• петок, 28 јуни 2024

Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од северен правец

Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од северен правец
Скопје, 7 август 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 36 степени. Следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.

Остани поврзан