• петок, 10 мај 2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец

Сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде и сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 27 степени. Во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Остани поврзан