• сабота, 20 јули 2024

Сончево и многу топло, попладне на повеќе места локално невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град

Сончево и многу топло, попладне на повеќе места локално невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. УВ зрачењето изнесува осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме со силен ветер и град.

УХМР соопшти дека утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Од недела и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните ќе бидат во постепено опаѓање. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан