• сабота, 20 јули 2024

Сончево и ветровито со температура до 36 степени

Сончево и ветровито со температура до 36 степени
Скопје, 2 август 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. вј/сп/

Остани поврзан