Сончево и ветровито, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд
- Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Скопје, 24 јули 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен.