• петок, 26 јули 2024

Сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени

Сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 6 и максимална до 20 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. До сабота, дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла. бак/мд/

Остани поврзан