• вторник, 21 мај 2024

Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност
Скопје, 17 октомври 2020 (МИА) - Сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.

Остани поврзан