• четврток, 27 јуни 2024

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Сончево со слаб до умерен северен ветер
Скопје, 29 јули 2020 (МИА) - Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9 Во Скопје, сончево и топло со слаб северен веетр. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан