• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 10 мај 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од три до десет степени, а дневната температура од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 26 степени. Следува период на значително потопло време. Утре и во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Остани поврзан