• четврток, 04 јули 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 20 јули 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. УВ=9 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен. Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Остани поврзан