• сабота, 29 јуни 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 9 октомври 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната температура од 17 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени. До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури кои во сабота и недела понекаде ќе бидат на неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст..

Остани поврзан