• четврток, 16 мај 2024

Сончево и многу топло, температурата до 41 степен

Сончево и многу топло, температурата до 41 степен
Скопје, 26 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава  ќе биде сончево и многу топло мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени. Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст.

Остани поврзан